Од 15 мај 2010 година Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија започнаа проект на церемонијална промена на знамињата пред институциите на нашата држава. Припадниците на батаљонот за почести ги менуваат знамињата, свечен чин кој е проследен со изведување на манифестациска содржина, како и од воениот оркестар на Армијата на Република Северна Македонија.

Целта на овој проект е подигнување на свеста на граѓаните, особено на младата популација, за значењето на знамето и негување на љубов и почит кон него, како едно од основните обележја на секоја држава.

Во периодот од мај до октомври во годината, предвидено е за време на церемонијата припадниците на батаљонот за почести да ја изведуваат и точката со оружје „Егзирцир“, а на платото пред Владата на Република Северна Македонија да присуствуваат и дел од вработените, естрадни ѕвезди и ученици од различни возрасти и училишта.

Манифестацијата на церемонијална промена на знамињата се одржува:

Влада на Република Северна Македонија
секој втор петок во месецот, во 11.45 часот

Собрание на Република Северна Македонија
секој последен петок во месецот, во 11.45 часот

Резиденција на Претседателот
на Република Северна Македонија

секој втор петок во месецот, во 12.45 часот