Знамето на Република Северна Македонија е црвено со златно-жолто сонце. Сонцето е со осум сончеви зраци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала.
Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето.
Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето.
Односот на ширината и должината на знамето е 1:2.
Знамето на Република Северна Македонија е утврдено со Законот за знамето на Република Македонија, на 5 октомври 1995 година („Службен весник на Република Македонија“ број 47 од 6 октомври 1995 година).
Шаблон за конструкција
Неофицијален шаблон за конструкција на знамето според Јован Јоновски, направен врз основа на ликовно-графичкиот приказ на знамето во законот: