20 години знаме на Република Македонија

На 5 октомври се одбележуваат 20 години од усвојувањето на знамето на Република Македонија.

Ајде сите заедно да покажеме дека го сакаме, почитуваме и се гордееме со него!

Почнувајќи уште од денес, правете сѐ и сешто со него. Еве неколку идеи:

• преземете ги фајловите подолу и поставете ги како профил или кавер слика;
• фотографирајте се со знамето и споделете ја фотографијата;
• споделете го знамето на профилот на вашиот/ата пријател/ка;
• направете го знамето од предмети или материјали околу вас, фотографирајте го и споделете ја фотографијата;
• ако имате беџ или значка со знамето – носете ги;
• ако имате маица, шал или капа со знамето – носете ги;
• подарете знаме некому.

И најважно, на 5 октомври истакнете и вејте го знамето на вашиот дом или работно место. Истакнете го на јарбол, на прозорец, на балконот, на вашата работна масa, на влезната врата, во влезот на зградата, во училницата, на автомобилот, на велосипедот, на мопедот или мотоциклот…

Доколку немате знаме – купете. Доколку не можете да купите – преземете го подолу и отпечатете го.

Ајде сите заедно да покажеме дека нашето знаме е прекрасно!

Преземање

Знаме на Република Македонија – Facebook Cover Photo

Знаме на Република Македонија – Facebook Profile Picture

Знаме на Република Македонија – Twitter Cover Photo

Знаме на Република Македонија – Twitter Profile Picture

Знаме на Република Македонија за печатење – А4

Знаме на Република Македонија за печатење – А3